Работодавачите бараат владина помош
Крајот на корона кризата нема да значи крај на проблемите во дел од индустријата. Некои веќе се опоравија, но кај добар дел и натаму има отпуштања. Во мај годинава споредно со мај лани кај производството на облека падот на број на работници изнесува 30%, во кожарството близу 60%. Овие гранки мора и во наредниот период да добиваат помош од државата, велат во организацијата на работодавачи.
Податоците на статистика за мај покажуваат дека пад од 7,5% има и во рударството, но од асоцијацијата за рударство велат дека намалување на бројот на работници има само во делот за ископ на градежен камен. Ако државата ги засили капиталните инветсиции, проблемот ќе биде надминат.
Иако бројот на работници се намалува, индустријата од почетокот на оваа година расте. До мај растот изнесува 6%.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
