Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ и натаму на врвот по заработката
Филмот „Војна на ѕвездите - Будење на силата“ веќе четири недели го држи првото место на листата филмови со најголема заработка во Северна Америка, престигнувајќи го и филмот „Повратник“ со Леонардо Ди Каприо.
Со ова, „Будење на силата“ на режисерот Џеј Џеј Абрамс, стана трет филм според заработката во светот.
Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е прв филм кој за четири недели оствари заработка поголема од 800 милиони долари во САД и Канада, со приход од 812 милиони.
Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека филмот досега во цел свет заработил 1,73 милијарди долари, престигнувајќи го „Паркот Јура“, кој за истиот период заработи 1,63 милијарди долари.
„Војна на ѕвездите: Будење на силата“ по само 12 дена прикажување заработи повеќе од милијарда долари, што е рекордна брзина во историјата на кинематографијата.
Филмот го собори и божиќниот рекорд во САД, заработувајќи 49,3 милиони долари на католичкиот Божик.
Ново на Сител
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед