Балкан
11. January 2016 - 10:34

Славица моли за помош: Сопругот и ги однел трите деца во Турција и не и дава да ги види

Жена од Белград моли за помош. Славица Бурмазовиќ на својот профил на Фејсбук објави апел за помош бидејќи нејзиниот невенчан сопруг и ги земал трите деца и ги одвел во Турција.

Ejup Jundžu кој има 45 години и е од Турција, и ги земал децата на возраст од 11, 10 и 4 години, и ги однел на местото каде што живее со првата сопруга. 

Таа додава дека тој не и дозволува да ги види децата.