Пратеникот Мирослав Богдановски поднесе оставка - не се согласува со политиките на неговата партија
Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ се повлекува од Собранието, според партиски извори поради незадоволството од начинот на кој владеачката коалиција ја практикува власта.
Од ДОМ денеска велат дека пратеникот не ја информирал партијата и не знаат зошто се повлекува.
Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.
Предходно покрај Богдановски ДОМ ја разреши и потреседателката Ана Петровска која е директорка на Државниот инспекторат за заштита на животната средина откако тие покренаа иницијатива за вонреден конгрес со образложение дека на партијата ѝ се потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели.
Мирослав Богдановски од ДОМ беше вториот пратеник кој на клучната собраниска седница во април за усвојување на економските мерки од петтиот владин пакет се појави во скафандер што наиде на остри реакции од опозицијата во парламентот.
До комплетирањето на процедурите мнозинството ќе има еден пратнеик помалку што може да биде проблем имајќи го предвид тенкото мнозинство во Собранието.
Ново на Сител
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
