Кирајакос Мицотакис нов лидер на грчката Нова демократија
Синот на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис и братот на некогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, Кирјакос Мицотакис вчера е избран за нов лидер на опозициската конзервативна партија Нова демократија.
На внатрепартиските избори, 47-годишниот Мицотакис освои 51 отсто од гласовите на над 400.000 партските членови со право на глас и го совлада поранешниот претседател на Парламентот, 62-годишниот Вангелис Мејмаракис, кој важеше за фаворит пред гласањето.
Во првиот груг на гласање за партиски лидиер, одржано на 20 декември, Мејмаракис освои 39,8 отсто од гласовите, а Мицотакис 28,5 проценти.
Иако, партијата се уште не ги објави конечните резултати од гласањето, Мејмеракис уште синоќа го призна поразот.
Грчките медимуми оценуваат дека својата вистинска моќ и влијание, Мицотакис, кој има дипломирано економија на Харвард, ќе ја покаже дури при „одмерувањето на силите“ со актуелниот грчки премиер Алексис Ципрас.
Пред вчерашното внатрепартиско гласање, Кирјакос Мицотакис во изјава за „Катимерини“ нагласи дека се залага за „меритократија, транспарентност и еднакви можности“.
- Гарантирам дела наскоро ќе создадеме големо движење на десниот центар кое на Грција ќе и понуди алтернативни решенија, порача Мицотакис.
Нова демократија беше без лидер од јули минатата година, откако дотогашниот партиски претседател Андонис Самарас поднесе оставка по поразот на парламентарните избори.
Таткото на новииот лидер на Нова демократија, Константин Мицотакис беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година, додека неговата сестра, Дора Бакојани беше грчки министер за надворешни работи од 2006 до 2009 година.
Ново на Сител
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
-
Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина
-
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
-
Дисциплински мерки за двајца полицајци од „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa