Македонија
24. јуни 2021 - 16:33

Портокалова алертна фаза во земјава

Секој на свој начин денеска се разладуваше и бараше спас од топлотниот бран што ја зафати земјава. Портокаловата фаза генерално ја намали фреквенцијата на граѓани низ улиците во главниот град. Дел од нив брзаа да ги завршат секојдневните обврски, а дел се разладуваа во парковите и покрај вода. Високата температура тешко ја поднесуваат но велат дека од дома мора да се излезе.

Мобилните тимови на Црвен крст на повеќе локации низ градот делеа вода на минувачите. И во следните денови ќе продолжат со истите активности.  

По МЗ, МТСП ги повика работодавачите да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран и да ги ослободат од работа бремените жени, хронично болните и лицата над 60 години. Здравствените власти ги потсетија граѓаните во овие топли денови пред се да внимаваат на храната што ја конзумираат, да не престојуваат предолго директно на сонце како и да носат лесна облека.