Спасовски: Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата.
Како податок, Спасовски посочи дека во мај се издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во перидот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени темрини за лични карти.
– Што се однесува на дипломатските пасоши, за тоа сте во право. Старите обрасци, кои што ги имаме, затоа што не била направена добра проценка во одреден момент во МВР не се нарачани и бидејќи, имавме нарачани нови обрасци немаме доволно дипломатски пасоши. Меѓутоа, тоа не е проблем за граѓаните, тоа е проблем за функционерите, изјави Спасовски.
За дипломатските пасоши, рече дека дека ќе треба да се стрпат до 1 јули годинава.
Во делот на регистарски таблички, Спасовски потврди дека имало одреден проблем и одреден заастој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблици во магацините на МВР.
– Сметам дека е некоректно да се изнесуваат невистини на говорница дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност од 11 милијарди денари. Точно е дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност, за да го покрие перидот од престанокот на договорот, до склучувањето на новиот договор во висина на вредност од девет и пол милиони денари. Новиот договор за јавна набавка, кој што е во транспарентна отворена постапка е на сто милиони денари, за наредните три години, како рамковна спогодба, без ДДВ, појасни Спасовски.
Ова се фактите, посочи Спасовски, укажувајќи дека тоа се законските можности и факти кои треба да ги знаат сите.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
