Вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ ефикасни против делта варијантата на коронаворусот
Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер“/ „БиоНТек“ и „АстраЗенека“, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирусот, што за првпат беа идентификувани во Индија, покажа најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел“.
Истражувањето било направено со цел да ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината да ги неутрализираат високоразразните делта и капа варијанти на вирусот, се наведува во соопштението на универзитетот.
„Нема докази за големо имунолошко вирусно бегство, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини обезбедува заштита од вирусните варијанти Б.1.617“, се наведува во истражувањето. Станува зборт за делта и капа варијантите, што за првпат беа идентификувани во Индија.
Но, концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта беше малку помала, што може да доведе до одреден број зарази, предупредуваат научниците.
Минатата недела, анализата на англиската Агенција за јавно здравје покажа дека вакцините произведени од „Фајзер“ и „АстраЗенека“ обезбедуваат висока заштита од повеќе од 90 проценти од хоспитализациите од делта варијантата на вирусот.
„Делта варијантата станува глобално доминантна варијанта“, изјави во петокот главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО).
Научниците од Оксфорд, исто така, ја анализирале фреквенцијата на повторна инфекција кај луѓето кои прележале Ковид-19. Ризикот од повторна инфекција со делта варијантата се покажа како особено висок кај лицата заразени со бета и гама варијанти, што потекнуваат од Јужна Африка, односно Бразил.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
