Анкета: Дури 65 проценти од Србите се против независноста на Косово
Резултатите од анкетата на Институтот за европски работи на тема „Ставовите на граѓаните на Србија кон Косово” покажуваат дека мнозинството Срби се против независноста на Косово.
На прашањето ако утре се одржи референдум за независност на Косово, 64,9 проценти од испитаниците изјавиле дека би гласале „против”, 13,6 отсто изјавиле дека не би излегле на гласање, 12 проценти одговориле дека не знаат како да гласаат, додека 9,5 отсто би гласале „за”.
Дека Косово не е изгубено, оцениле 46 проценти од граѓаните, 39 отсто мислат дека е така, а 15 проценти се неодлучни.
Институтот истакнува дека во однос на претходните истражувања има мал тренд на опаѓање на одговорот дека Косово е изгубено.
Нешто повеќе од една четвртина од испитаниците односно 26 отсто од нив веруваат дека актуелната српска Влада ќе го признае Косово, 52 проценти одговориле дека Владата нема да го направи тоа, додека 22 отсто одговориле дека не знаат како да се изјаснат по ова прашање .
Анкетата покажува дека дури 75 отсто од граѓаните не би ја поддржале независноста на Косово поради побрз влез на Србија во Европска Унија, додека 13 отсто би поддржале, а 12 отсто се неодлучни. Од вкупниот број испитаници, 45 проценти оцениле дека не е можно Србија да ја врати целосната контрола и суверенитет врз Косово, додека 38 проценти изјавиле дека тоа е можно.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 85 отсто од испитаниците не знаат каков е планот на Владата на Србија за Косово, претежно жени, како и испитаници на возраст под 44 години.
Нешто повеќе од половина, односно 54 отсто од испитаниците не би го поддржале планот на претседателот Александар Вучиќ што ќе донесе независност на Косово и стабилна држава и подобар стандард за српските граѓани, 21 отсто би го поддржале тој план, додека една четвртина од испитаниците нема мислење за тоа прашање.
Ново на Сител
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково
-
Кривична против 43-годишник од Скопје, физички нападнал едно лице со нож во хотел
-
Прегазен 74-годишник во Тетово, возачот побегнал од местото на настанот
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди