СДСМ: Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата
ВМРО-ДПМНЕ партијата за чие владеење државата се гушеше во загаденост, да молчи за екологија и цени на горивата
Владата предводена од СДСМ, институциите преземаа сериозни чекори за заштита на животната средина.
Реални резултати покажуваат сериозно намалување на загаденоста на воздухот и животната средина во изминатите години.
Лажна е и загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата. Граѓаните паметат дека во 2012 година горивата достигнаа највисока цена, а граѓаните за литар Еуросупер 95 плаќаа 89 денари, за Еуросупер 98- 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски со ништо не придонесува за доброто на граѓаните. Напротив, се што прави се блокади деструкции и лажни вести.
Затоа можат да очекуваат нов пораз од граѓаните на претстојните локални избори.
СДСМ, Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров