ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да се извади од случајот со фабриката за афери

Скопје, 8 јануари 2016 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека прес-конференцијата на Александар Кирацовски е потврда за безидејноста на СДСМ и обид, според нив, на раководството на таа партија да се извади од случајот со фабриката за афери со измислување на обвинувања дека цел интернет е против нив.
- Јавноста се потсмева на мизерните обиди на СДСМ да создадат алиби за претстојниот пораз. Сите им се виновни на СДСМ за рекордно нискиот рејтинг. Сите им се виновни зошто се откри аферата со фабриката на Чаушот, пријателот на Заев и Оливер Спасовски. Сите им се виновни зошто не знаат да направат конкретна програма со конкретни проекти и рокови. Сите, па дури и интернетот е виновен за бедата во која СДСМ сам се заглави. Граѓаните во пресрет на изборите очекуваат програма, проекти и мерки, а не празни и неаргументирани прес-конференции на очајниот Кирацовски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
