-->
-->
СЕХА: Вардар 1961 со победа ја почна нокаут фазата
-->
Ракометарите на Вардар 1961 се на чекор до пласман меѓу осумте најдобри во регионалната СЕХА лига, откако вчера ја совладаа Металопластика со 39:31 (19:14) во првата од двете осминафинални пресметки закажани во Скопје.Освојувачот на двојната круна сезонава во македонското првенство лошо го отвори натпреварот дозволувајќи и на екипата од Шабац да поведе со четири голови разлика (8:4) во воведните десет минути. Сепак, петкратниот освојувач на СЕХА лигата брзо ги консолидира редовите и Вардар веќе на полувреме замина со високи плус пет (19:14).
Вториот дел донесе сигурна игра на македонскиот првак, кој влегува со осум голови предност пред утрешниот реванш, исто така, на домашен терен.
Ловро Јотиќ со девет и Тимур Дибиров со седум погодоци беа најефикасни во македонскиот тим.
Победникот од двомечот меѓу Вардар 1961 и Металопластика за противник во четвртфиналето од годинашното издание на СЕХА лигата ќе го има хрватскиот првак ППД Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
