Претседателот на Европскиот парламент повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристап кон ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристапување кон Европската унија, нарекувајќи го проширувањето „позитивен проект за мир и просперитет“, јави ДПА.
„Проширувањето може да донесе огромни придобивки и за регионот и за Европа како целина и да помогне да се обезбеди стабилен, просперитетен и мирен континент“, изјави Сасоли за „Фанке Медиенгруп“ (Funke Mediengruppe).
Според него, темпото ќе зависи од исполнувањето на пристапните критериуми.
„Сè уште треба да се спроведат реформите во секоја од овие земји“, рече Сасоли, додавајќи дека „Европската унија исто така мора да ги исполни своите ветувања и да го признае напредокот“.
ЕУ веќе води преговори за пристапување во Унијата на Црна Гора и Србија, додека Албанија и Северна Македонија се официјални кандидати, а Босна и Херцеговина, како и Косово, се сметаат за потенцијални кандидати за преговори, пишува ДПА.
Ново на Сител
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
