Бизнис
1. јуни 2021 - 16:38

Пандемијата ја зголеми сиромаштијата

Пандемијата ќе го зголеми бројот на сиромашни деца во земјава. Ако пред короната под прагот на сиромаштија живееле 27,8% од децата, по завршувањето на пандемијата секое трето дете ќе живее посиромашно, покажува најновото истражување на Фајнанс Тинк за ефектот на ковид кризата врз децата.

Преку владините мерки, повеќе семејства добија финансиска поддршка, и дел од средношколците добија еднократна парична помош, но главно властите да ги намалија парите наменети за инвестиции во образованието.

Препорака од УНИЦЕФ е дека ако сосотјбата дозволи, децата треба  од септември да се вратат во училиштата , но домашните експерти велат дека тогаш ќе се појави и нов проблем затоа што добар дел од децата се соочуваат со стрес и анксиозност.

Истражувањето покажува дека од страв од зараза се намалил бројот прегледи кај педијатрите и за дијагностика и за третман на хронични болести. Добрата вест е дека вирусот немаше влијание врз децата. Од сите случаи деца биле 5,4%, а смртни случаи нема.