Шилегов: Обновување на возниот парк на Протипожарна Скопје почнува со набавување на новата скала
Со набавување на новата скала за Противпожарната бригаа на Град Скопје, почнува обновување на возниот парк на пожарникарите, изјави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
– За неколку дена ќе ја добиеме онаа фамозна скала која што е врвот на технологијата во пожарникарството која што во државата во изминатите 30 години е воопшто донесена. За жал во противпожарната бригада во Скопје, но и во противпожарните бригади на РМ многу малку е инвестирано. Она што ние го направивме во изминатите години е всушност пред се набавка на опрема за лична безбедност, која што сериозно недостасуваше кај пожарникарите (посебни специјални одела за гасење на шумски пожари, на хемиски пожари, лична целосна заштита), но сега со набавување на скалата влегуваме и во обновување на возниот парк, изјави Шилегов.
Воедно, тој посочи дека начинот на финансирање на Противпожарната бригада е преку блок додаци што Град Скопје и останатите единици од локалната самоуправа ги добиваат од страна на Министерството за одбрана.
– Како го добиваме зголемувањето на блок додациите така го зголемуваме и бројот на пожарникари. Годинава презедовме 15 професионални војници со цел да помогмнеме и во социјална смисла и на таа категорија на луѓе да не им престане работниот век. Очекувам и за околу 15-тина и годинава ќе имам доволно средства обезбедени да се зголеми бројот на противпожарна бригада, истакна Шилегов.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
