Епидемијата на Ковид-19 се стабилизира во делови на Индија
Епидемијата на Ковид-19 во Индија се стабилизира во некои делови на земјата, соопштија денеска локалните власти, но бројот починати денеска се зголеми за 4.194, а заразата продолжува да се шири во руралните области каде што јавните здравствени служби се ретки и веќе преоптоварени.
Индија на почетокот на мај пријавуваше повеќе од 400.000 заразени на ден, но бројките постепено се намалуваа. Денеска се евидентирани 257.299 нови случаи.
Бројот на активни случаи во последните две недели падна во најбогатата држава Махараштра, потоа во Карнатака, Бенгалуру, како и во крајбрежната држава Керала, изјави службеник воо Министерството за здравство Лав Агарвал.
Дневниот број на заразени во Западен Бенгал, Андра Прадеш и Тамил Наду се зголемува, додаде тој.
Со преполни болници, здравствени системи и недостиг на вакцини, експертите предупредуваат дека Индија може да се соочи со трет бран на зараза во наредните месеци.
– Иако ширењето на коронавирусот се стабилизираше во многу делови на земјата и во целина товарот е намален, треба да поминеме долг пат со овој бран, соопшти владиниот совет за справување со пандемијата.
Вкупниот број на случаи во Индија е 26,3 милиони, со што земјата е втора во светот по САД, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 295.525.
Ново на Сител
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања