Каде се паднаа паричките во семејствата на државниот врв

Во семејството Иванови паричката во бадниковото лепче годинава се паднала кај Маја Иванова, соопшти денеска претседателот Ѓорѓе Иванов по божиќната литургија во Соборниот храм. Кај премиерот Груевски паричката паднала во Господ, а кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски кај синот Филип.
Груевски им го честиташе Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед.
– Да им посакам на сите пред се здравје, многу љубов, спокојство во семејствата, успех во кариерата и здравје пред се, рече Груевски.
Претседателот Ѓорги Иванов кон сите верници кои го слават денеска Божиќ го упати големиот поздрав Христос се роди – Навистина се роди!
– Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство го посакувам за сите граѓани на Република Македонија. Многу здравје, многу радост многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да не поучат дека сите искушенија можеме да ги совладаме со добри мисли, добри зборови и добри дела, добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме Македонија и македонскиот народ, порача шефот на државата. Бадниковата паричка во неговото семејство била во лепчето на сопругата Маја.
Вељаноски честитајќи им го Божик на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповед им посака мир и спокој, здравје, среќа, љубов и успех на личен и на професионален план.
– На Република Македонија што побргу интегрирање во меѓународните организации, а на нас политичарите што подобри и поразумни одлуки затоа што на Република Македонија токму оваа година ќе и треба покаже разум отколку емоции, поразумни одлуки за просперитет на Република Македонија и на граѓаните, истакна Вељаноски.
Ново на Сител
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
