Во Драч запленети милион фунти скриени во возило кое доаѓало од Велика Британија

Албанската полиција во пристанишниот град Драч, открила и запленила милион фунти скриени во возило кое доаѓало од Велика Британија.
Државната полиција имала претходни информации дека во товарно комбе, кое доаѓало од Англија, имало голема колична пари. Од оваа причина, во соработка со царинските органи, извршени се детални проверки со скенер, каде се пронајдени скриени неколку пакувања, во кои имало британски фунти.
Приведен е возачот Ј.И.(20) од албанскиот град Хас ,,кој негирал дека има какво било сознание дека во возилото со кое вршел транспорт на стока Англја-Албанија, има и пари.
-Пред една недела, британската влада ја карактеризираше Албанија за земја со многу можности за перење пари кои доаѓаат од криминалниот свет. Британските медиуми, пак, претходно, објавија дека албанските криминални групи во Англија пари добиени од трговија со кокаин во Албанија ги пренесуваат на разни начини. Еден од нив е употреба на комбиња кои превезуваат стока од Англија до различни албански градови, пренесува Топ чанел.
Се дознава дека таксата за нелегален транспорт на пари се движи од 15 до 20 отсто од износот што поединците се заинтересирани да го трансферираат во Албанија.
Во текот на минатата година, според податоците објавени од албанската царина, има повеќе од 15 случаи кога на лица кои патувале од Лондон до аеродромот во Тирана им биле запленети од 25 илјади до 70 илјади фунти.
Еден случај во кој се запленети над 120.000 фунти скриени во машина за перење е откриен на граничниот премин Какавија, на албанско – грчката граница.
Ново на Сител
-

Поради „ретрограден Меркур“, министерката за образование во БиХ ги одложува активностите, советува и другите да го сторат истото
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
