СДСМ: Со новиот состав на органите, СДСМ уште подобро и посветено ќе им служи на граѓаните и на државата
СДСМ по 26-тиот редовен Конгрес, со кадровски освежувања во највисоките партиски органи, кои се спој на искуство и нова енергија започнува ново четиригодишно поглавје како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите граѓани.
Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.
Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови.
Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во било која друга партија во Македонија.
Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.
Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели, 2 се нови.
Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.
Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата.
И во наредните четири години СДСМ ќе биде одлучувачка сила која го движи македонското општество напред, политичка одговорна сила која носи државнички одлуки!
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања