Градоначалникот на Бутел за Идризи: Не знаев за неговиот бизнис и не сум видел лошо од него
Велимир Смилевски, градоначалникот на Бутел по информациите дека бил многу близок со Камер Идризи, кој завчера вечерта беше убиен, вели дека не знаел за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа.
– Тој ми е комшија, којшто е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па сѐ до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, вели Смилевски за А1он.
Ново на Сител
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
