ГП Богородица подготвен за отворање
Пред најавеното утрешно отворање на копнените гранични премини кон Грција, најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен во секој поглед да одговори адекватно на предизвикот и по повеќе од една година повторно да се врати на некогашната секојдневена динамика на работа, изјави денеска за МИА командирката на граничната полиција Јасмина Аврамска.
-Имаме доволен број на полициски работници и подготвени сме и технички и материјално да одговориме на најавеното отворање на граничните премини со јужниот сосед и покрај тоа што до овој момент од нивна страна немаме добиено никакво известување, рече Аврамска.
Додаде дека вработените полицајци на ГП Богородица и во блиското минато, односно до настапувањето на здравствената криза и затворањето на граничниот премин „Евзони“ ефикасно се справувале и со најголемите гранични гужви кои почнуваа токму во овој период од годината.
-Во истиот период 2019 година, за 48 часа се регистрирани 6626 македонски граѓани од кои 3680 излегле кон Грција,а 2946 влегле во земјава.Кога ќе се земат во предвид и останатите странски туристи кои најчесто го користат нашиот премин,на дневно ниво низ ГП Богородица транзитирале по околу 15 илјади патници на излез и влез во земјава, нагласи Аврамска.
Ова се бројки кои одат во прилог на констатацијата дека полициските работници без проблем успешно ќе се соочат со зголемена патничка фреквенција на ГП Богородица доколку се случи утрешното најавено отворање на ГП „Евзони“ низ кој во моментов се одвива само транспортниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
