Нови ракетни напади во Појасот Газа
Во раните утрински часови Израел истрела ракети во северниот дел на Појасот Газа. Според „Ал Џезира“, воздушните напади се извршени во населбата Шеик Радван. Телата на две лица се пронајдени под урнатините на една куќа.
Како одговор на гранатирањето на крајбрежната енклава, палестинските радикали ја проширија зоната за лансирање ракети. Според „Сараја Ал-Кудс“, вооруженото крило на организацијата Исламскиот џихад, „огнениот круг се шири и ракетите сега се насочени кон Тел Авив и околината“. Сирените за воздушен напад првпат се огласија во Хаифа, Нахарија и во северниот дел на еврејската држава. Има извештаи за ракети кои удираат во згради, како и предизвикани пожари. Според телевизијата, петмина Израелци биле повредени во предградие на Тел Авив.
Бригадите „Изадин ал-Касам“, милитантно крило на движењето Хамас кое го контролира Појасот Газа, соопштија дека „град од ракети“, кој ги погоди израелските градови, претставува „одговор на гранатирањето на станбени и високи згради во Газа“. Најмалку 130 ракети се истрелани кон Ашкелон, Сдерот и неговата околина, соопшти групата.
Од почетокот на судирите се убиени најмалку 67 луѓе во Појасот Газа, од кои 16 се деца, и седум лица во Израел.
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
