Зошто се јавува болка во рака после вакцинација
Болката во раката е типична нуспојава по вакцина против Ковид-19 и може да има чудни и збунувачки форми.
Додека некои луѓе чувствуваат само болка, други имаат силна болка што се движи од раката надолу по страната на телото, болка што се движи кон рамењата или дури болка што се претвора во трнење во рацете.
Постои прилично едноставно објаснување зошто луѓето чувствуваат болка на местото на инјектирање. Ешли З. Ритер, постдокторски соработник на Универзитетот во Пенсилванија и главен клинички директор на „Dear Pandemica“, вели дека тоа е чест несакан ефект на секоја вакцина. Инјектирањето на вакцината во мускулот на раката всушност го стимулира имунолошкиот систем.
– Кога таа течност ќе влезе во мускулот, телото испраќа бели крвни зрнца и лимфна течност во таа област за да се изгради имунолошки одговор. Ова е токму она што сакаме да се случи, но може да биде малку непријатно. Болката што ја чувствувате е резултат на активност што се случува во вашето тело, објасни Ритер.
Зголемената количина на течност во лимфните јазли во близина на местото на инјектирање често предизвикува болка во мускулите, а понекогаш и под пазувите или градите.
Отечен лимфен јазол може да се појави на мамографија, па експертите препорачуваат ваков преглед да се избегнува некое време по примање вакцина.
Кога имунолошкиот одговор и оток ќе се повлечат, болката ќе исчезне за неколку часа до неколку дена. Ако болката е многу силна, д-р Шерил Решинос предлага да се чека 12 часа за телото да развие целосен имунолошки одговор, а потоа да се земаат лекови против болки, препорачани од лекар.
Ако симптомите значително влијаат на способноста за функционирање и ако се надвор од опсегот на очекуваните несакани ефекти, секако треба да контактирате со лекар, советува Ритер.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот