Лани Катастарот решил над милион предмети
Лани во земјава се продале недвижнини во вредност од околу 78 милиони евра,информираат од Катастарот. Од нив најголем дел во Скопје, каде становите се и со највисока цена. Метар квадратен се продава во просек по 843 евра. Веднаш зад Скопје следи Битола со 513 евра за квадрат и Охрид со 487 евра квадрат.
- Преку регистарот за цени и закупнини на недвижности на Катастарот до крајот на септември лани се впишани 5.329 трансакции, од кои 3.362 продажби и 1.967 закупи. Најмногу продажби и закупи по 882, односно 874 се евидентирани на територијата на Скопје. Најмалку продажби, 13, имало во Кратово, а најмалку закупи, по еден, во Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.
Директорот на Катастарот, задоволен што најголем дел од примените предмети минатата година биле решени. Информираше дека годинава ќе биде воспоствен и регистар на градежно земјиште а ќе има и нова постапка за регистрација на имот.
Лани над 139 000 дивоградби биле легализирани, а изготвени се над 4500 бесплатни елаборати за социјално ранливите категории граѓани.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
