Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ
Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани со вакцини одобрени во ЕУ и оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања. Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.
Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список.
За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши.
„Време е да се ревитализира туристичката индустрија и да се обноват прекуграничните пријателства, но безбедно. Предлагаме да ги примиме вакцинираните посетители и оние од земји со добро здравје”, објави на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница