Се намалува бројот на нови случаи на Ковид-19
По воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува. Во деноноќието меѓу петокот и саботата, од направени 2.276 тестирања се регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти. Вкупно 200.000 кинески вакцини, што пристигнаа вчера, најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од вторник со нив ќе почне масовната вакцинација на населението.
Од вторник се очекува да почне масовната вакцинација со 200.000 вакцини што пристигнаа во петокот во земјава. Најдоцна до понеделник вакцините ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.
Mинистерот за здравство Венко Филипче во петокот најави дека наскоро се очекуваат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“, со што очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Засега е неизвесно пристигнувањето на вакцините на „Астра Зенека“, имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која воведе забрана за извоз на вакцини, а дел од овие дози преку КОВАКС системот треба да пристигнат и од индискиот Институт.

Според Филипче, пунктовите за вакцинација се веќе подготвени и најави дека бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10 000 и 15 000 илјади.
Во претстојното вакцинирање акцент ќе се стави на граѓаните кои се веќе пријавени, тие кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување. Филипче апелираше граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука ќе се генерираат приоритетите. – Ќе добијат или СМС порака или меил или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време, изјави Филипче.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
