-->
-->
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 674 пациенти, слободни кревети има
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1147 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
