Македонија
30. April 2021 - 12:28

Хераклеа со целосно нов лик

Како резултат на пандемијата, бројот на посетители во локалитетот Хераклеја, но и во битолскиот музеј, минатата година беше многу мал, а најверојатно состојбата и оваа година нема да се промени. Но, позитивно е што овие две локации многу повеќе почнаа да се користат за организирање на манифестации каде може да се запазат мерките за заштита.

-Oна што е добро што минатата година локалитетот стана центар за на различни културни активности, заради пандемијата се одвиваа во пациото или Хераклеја. Она што ме радува е дека таквата интенција ќе продожи и оваа година, изјави Д-р Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола. 

Но, оваа година локалитетот ќе има нова перспектива. Посетителите кои ќе доаѓаат оваа година на настаните, ќе се движат по осветлена патека, променети беа старите дрвени скали кои беа дотраени и опасни за движење, а поставен е и новиот лифт за лица со посебни потреби, со што сега и овие граѓани ќе можат без никаков проблем да дојдат до античкиот театар.

-За прв пат сега сите тие кои претходно не биле во можност претходно во можност да го посетат локалитетот, ќе можат да го видат од реконструираниот видиковец, но и ќе можат да присуствуваат на културните настани во Хераклеја. 

Дополнително се поставени единици за контрола на влез на посетители, што досега не беше случај,  осовременета е суверницата, ќе имаме можност да се постави и музејската поставка која некогаш постоеше, вели Стојанова.

Покрај овие зафати, во тек е процедурата за креирање на аудио водичот на седум јазици, што во голема мера ќе го олесни движењето на посетителите низ локалитетот. 

Се врши и реконструкција на т.н Римски пат, со што ќе се олесни и пристапот до Хераклеја. Реконструкцијата на археолошкиот локалитет Хераклеја е дел од проектот Смарт кул-тур финансиран од ИПА фондовите за прекугранична соработка.