Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените, соопштија од ОЈО.
Од ОЈО посочија дела во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување