Старото крило на СДСМ најавува независни листи за Охрид
Истакати членови од таканареченото старо крило на СДСМ и долгогодишни советници во советот на општина Охрид формираат независна листа за локалните избори.
„Охрид пред се“, е мотото а основна цел на Иницијативниот одбор како што велат е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, и чесни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми.
Чингоски вели дека не станува збор за нивно отцепување од партијата туку формирање на иницијативен одбор кој ќе ги претставуваат интересите на своите сограѓани, без примање наредби од политичките партии и внатрепартиските хиерархии.
Не се исклучува можноста вакви листи да има и во другите градови во земјава. Инаку Иницијативата „Охрид пред се“ ќе започне со активности и дејствување веднаш штом завршат мерките за ограничување на движењето.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар