-->
-->
На „Пивофест“ весела атмосфера, денеска голем наплив на посетители
-->

Вториот ден на „Пивофест 2015“ во Прилеп помина одлично, во весела атмосфера со многу гости, беше соопштено денеска прес-конференција во Паркот на револуцијата, каде е сместен кампот за посетителите на годинашниов „Пивофест.
- Сѐ помина одлично, весело, со многу гости. Малиот пад од сцената на пејачот на групата „Прљаво казалиште“, за среќа, помина без повреди, изјави Жаре Димитриоски, еден од водителите на фестивалот.
Забавата беше до раните утрински часови, а сите веќе се подготвуваат за денешниот, трет ден, кога заедно со утрешниот фестивалски ден се очекува да има огромен прилив на гости од земјава и странство.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески нагласи дека фестивалот поминува безбедно, без никакви инциденти.
- Го посетивме Паркот на револуцијата и кампот каде се посетителите кои кампуваат за да присуствуваат на фестивалот. Гостите во кампот секое утро се послужувани со бесплатни кафе и чорба се со цел да се чувствуваат пријатно и да уживаат во авантурата и во фестивалската атмосфера. Има кампери од Македонија и од повеќе земји кои патуваат, па решија да го посетат „Пивофест“, но и оние со намера токму да уживаат во манифестацијата, рече Ристески.
Според програмата на „Пивофест 2015“, вечер треба да настапат, меѓу другите, Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ. Се очекува весела атмосфера со многу музика, танц, пиво и скара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
