Спасовски: Интерпелацијата беше можност за да го кажам тоа што сум го сработил
Вчера беше многу релаксирачки ден за мене заради тоа што имав шанса да ги презентирам сите успеси што ги постигнав во изминатиот период како министер за внатрешни работи, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање како го коментира негласањето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
– Јас воопшто не го дефинирам дека сум преживеал една интерпелација, туку тоа беше дадена можност за да го кажам тоа што сум го сработил. Е сега, како да коментирам нешто што го прави опозицијата? Значи, да имате шанса да бидете на интерпелација на министер за внатрешни работи и вие да ја напуштите седницата, да не разговарате за тие прашања, тоа говори само за одговорноста која што ја има опозицијата пред државата и пред граѓаните, нагласи Спасовски.
Тој истакна дека бил подготвен да седнат, да разговараат на ниво на аргументи, не на политиканство.
– Апсолутно сакам да ве уверам дека јас бев подготвен вчера да разговараме толку колку што дозволува Деловникот, значи цел еден работен ден до 00 часот, за жал, немав со кого да разговарам. Разговарав со еден дел од опозицијата од Алијанса за Албанците и од Алтернатива и тоа на крајот од мојот говор го кажав. Благодарам на оние пратеници од опозицијата коишто имаа и доблест и храброст да седнеме да разговараме заради тоа што нема изгубен ден кога разговарате на една интерпелација во Собранието. Секој разговор дава нови идеи, нови можности што е тоа што можеме да подобриме и во тој дел се покажа таа вистинска одговорност. Меѓутоа, како и да е, изборот на политичките партии е тоа како ќе настапуваат во Собранието. Тоа не е мој избор, рече Спасовски.
Уште еднаш повтори дека секогаш е тука, во секое време да разговараме, како што рече, да одговорам на сите прашања, да ги расчистиме сите дилеми.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект