Балкан
26. April 2021 - 13:56

Средба Вучиќ – Фон дер Лајен за регионалните прашања

Претседателката на Европската комисија се сретна утрово со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Вучиќ и фон дер Лајен разговарале за регионалните прашања, како борбата против пандемијата од ковид-19 и економската помош од ЕУ.

На дневен ред бил дијалогот помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на Србија и Косово, како и железничката линија помеѓу Македонија и Србија која ЕУ е подготвена да ја поддржи, напиша на Твитер фон дер Лајен.

Станало збор и за напредокот на Србија во преговорите за членство во ЕУ, каде Брисел сака да види уште позитивни резултати во областа на владеењето на правото.

Вучиќ денеска ќе се сретне и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.