-->
-->
Еден повреден во вооружен напад на бегалски центар во Германија
-->
Еден 23 годишен барател на азил е повреден во напад со огнено оружје во местото Драјајх во близина нa Франкфурт.
Нападот во кој се испукани неколку куршуми се случил во еден часот по полноќ во центар за бегалци каде што азилантот кој е вон животна опасност бил ранет додека спиел. Засега полицијата и обвинителството немаат утврдено мотиви и причини за нападот.
“Истражуваме во сите правци, а ја разгледуваме и можноста нападот да е предизвикан од ксенофобија и незадоволство од присуство на бегалци“ изјави по нападот обвинителката Нина Рајнингер.
Во Драјајх се сместени околу 300 бегалци главно од Сирија и Ирак.
Како и во најголем дел од другите над 730 напади врз азилантски центри во Германија во последниве 12 месеци и покрај брзата интервенција на полицијата сеуште нема осомничени или уапсени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување