-->
-->
Билчик: Нема кратенки на патот на Западен Балкан ЕУ кон
-->
– Европската иднина на Западен Балкан може да се постигне само преку реформи и нема пократок пат за членство напиша на Твитер членот на Европскиот парламент Владимир Билчик.
Промената на границите и размената на територии е опасен пат кон експлозивно минато, рече Билчик по повод наводниот нон-пејпер што медиумите му го припишуваа на словенечкиот премиер Јанез Јанша, што тој го негираше.
Билчик ја ретвитуваше и објавата на словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, кој синоќа рече дека Словачка ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.
„Тоа беше и ќе биде камен-темелник на принципите на Европската унија и на НАТО“, додаде Корчок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
