Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В“
Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник В“ против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.
Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на „Спутник В“ и разговараа со медицинскиот персонал, објави новинската агенција Интерфакс.
„Можеме да кажеме дека е во тек конструктивен дијалог“, изјави извор на Интерфакс за посетата на експертите на ЕМА, која е дел од постапката за анализа и проценка на ефикасноста на вакцината „Спутник В“.
Европската агенција ЕМА сè уште не даде одобрение за „Спутник В“, иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји од ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.
Ново на Сител
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
-

Трагедија во Македонија: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка
-

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи
-

При претрес во Скопје пронајдена дрога, уапсени две лица
-

СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето
-

Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
