-->
-->
Во Франција утре почнува вакцинација за сите над 55-годишна возраст
-->
Вакцинацијата на сите граѓани на возраст од 55 години и повеќе ќе почне утре во Франција, изјави министерот за здравство Оливие Веран.
Министерот објасни дека тоа ќе биде можно благодарение на две вакцини, на Астра Зенека, која „од утре може да ја примат сите Французи над 55 години без други болести“ и онаа на Џонсон и Џонсон – „за секој над 55-годишна возраст, без дополнителни услови“.
Вакцината на Џонсон и Џонсон беше одобрена за употреба во Франција на 12 март. Министерот рече дека првата испорака ќе биде 200.000 дози.
„Ние ги прошируваме вакцинациите“, додаде Веран во изјава за француски медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг