Филипче: Околу 4000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат дневно низ сите пунктови низ државата
Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на СЦ Борис Трајковски, местото каде што од понеделник ќе почне масовната имунизација на населението објасни како таа ќе се одвива и колку луѓе дневно ќе се вакцинираат.
-Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски. Подготовките се во завршна фаза. Околу 4000 луѓе на ден во просек ќе се вакцинираат вкупно на сите пунктови низ државата, вклучувајќи го овој пункт за вакцинација. Благодарност до менаџментот на Салата Борис Трајковски посебно на компанијата А1 коишто ги ставија на располагање сите капацитети во смисла на тоа да се обезбеди бесплатно пристап до интернет, технички ги опремија пунктовите со лаптопи, принтери итн. и сето тоа го направија проактивно. Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
