Во Црна Гора почна вакцинацијата со АстраЗенека, први ја примија новинарите

Во Црна Гора денеска почна имунизација на граѓаните со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19, а први ја примија новинарите, кои спаѓаат во приоритетните групи за вакцинирање.
Утрово се вакцинираше и потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ, кој како и новинарите ја прими оксфордската вакцина.
Тој истакна дека сите треба да се вакцинираат, бидејќи само така може да се зачува здравјето и економијата.
– Ако можат 23 милиони Британци да се вакцинираат, тогаш можеме и ние, изјави Абазовиќ, изразувајќи благодарност до здравствените работници.
Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ соопшти дека наскоро пристигнува голема пратка на вакцини во земјата, а масовната вакцинација треба да почне околу 20 април.
– Масовната вакцинација треба да почне околу 20 април, кога се очекува пристигнување на над 200.000 дози на кинеската Синофарм, нови количества на АстраЗенека и на Фајзер/БиоНТек, како и од 40.000 до 50.000 договорени дози на руската вакцина Спутник В, нагласи Боровиниќ Бојовиќ.
Во Црна Гора досега од последици на коронавирусот починале 1.274 лица. Моментно, според официјалните податоци, се заразени околу 6.446 граѓани.
За вакцинација досега се пријавени 83.498 лица. Првата доза ја примиле околу 20.000 граѓани, а ревакцинирани се речиси 3.500.
Ново на Сител
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
