Ракомет
3. January 2016 - 11:18

Обрван: Во Словенија патуваме со 21 ракометар

Ракометната репрезентација на Македонија по двата слобдни дена вчера попладне ги продолжи подготовките за ЕП во Полска. На денешниот утрински тренинг беа присутни сите 23 играчи кои изминативе денови тренираа во СЦ Јане Сандански. По тренингот и ручекот ракометарите заминуваат за Словенија каде утре и задутре ќе одиграат два натпревара.

- Словенија е исклучително квалитетна репрезентација особено на домашен терен и овие два дуела ќе ни бидат од големо значење. За Словенија ќе патуваат 21 ракометар според договорот и тоа значи дека двајца ќе останат во Скопје. Тоа се голманот Златко Даскаловски и Мартин Велковски.По враќањето од Словенија ќе видиме (со колкав број на играчи) како ќе продолжиме откако ќе имаме една слика за досега одработеното и во пресрет на тоа што не очекува, изјави селекторот Ивица Обрван.
Репрезентацијата од Словенија се враќа на 6.јануари, а потоа следниот собир ќе биде на 8.јануари со утрински тренинг. За 10 и 11.јануари се закажани и двата дуела со Црна Гора во Скопје.
Натпреварите со Словенија се играат утре во Кршко (почеток 18 часот) и во вторник во Цеље (почеток 18:30 часот).