ЕМА не утврди фактори на ризик за згрутчување на крвта во случаите по имунизацијата со АстраЗенека

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засега не идентификувала фактори на ризик како што се возраст, пол или претходна историја на згрутчување на крвта во случаите на згрутчување на крвта пријавени по имунизација со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.
ЕМА повтори дека предноста од вакцината го надминува ризикот.
Во денешното соопштение се вели дека Комитетот за безбедност на ЕМА (PRAC) се состанува денеска, во контекст на тековниот преглед на многу ретки случаи на невообичаени згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити, кај луѓе вакцинирани со вакцинатана АстраЗенека, која сега се нарекува Ваксзервија.
ЕМА свика ад хок состанок на експертска група во понеделникот за да обезбеди дополнителен придонес во тековната проценка, се посочува во денешното соопштение. Независни надворешни експерти со низа медицински специјалитети, вклучително и хематолози, невролози и епидемиолози, дискутираа за специфични аспекти како што се можни механизми,евентуално идентификување на основните фактори на ризик и кои дополнителни податоци се потребни за понатамошно карактеризирање на набљудуваните настани и потенцијалниот ризик. Исходот од овој состанок ќе го дискутира PRAC и ќе се вклучи во тековната проценка.
„Во моментов, ревизијата не идентификува никакви специфични фактори на ризик, како што се возраста, полот или претходната медицинска историја на нарушувања на коагулацијата, за овие многу ретки настани. Последична врска со вакцината не е докажана, но е можна и понатамошната анализа продолжува“, се вели во соопштението.
ЕМА најави дека евентуално ажурирање на препораките за употреба на оваа вакцина се очекуваат за време на априлската пленарна средба, која се одржува од 6 до 9 април.
Лекарите препорачуваат вакцинираните лица да побараат медицинска помош доколку по примената вакцина добијат симптоми како што се недостиг на здив, болка во градите, отекување на нозете и постојана болка во абдоменот. Покрај тоа, сите лица кои развиваат невролошки симптоми по вакцинирањето, вклучително и силни или постојани главоболки и заматен вид, како и оние кои неколку дена по инјектирањето развиваат модринки или црвенкасти дамки (петехии) далеку од местото на примената вакцината, мора веднаш да побараат медицинска помош.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
