Промоција на проектот „Македонија вработува“ во Стар Дојран

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Стар Дојран ќе го презентира проектот „Македонија вработува“.
На специјални штандови во периодот од 11 до 15 часот заинтересираните ќе можат да се запознаат со придобивките од преоктот и поволностите што ги нуди за вработување на повеќе категории граѓани.
Целта на проектот е подобрување на вработиливоста на голем број невработени лица во државата. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години, со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.
За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
