Османи: „Ние сме НАТО“ веќе не е само парола туку реалност

Во рамките на денешното учество на Министерскиот состанок на НАТО, Министерот за надворешни работ Бујар Османи испрати пораки за првото присуство на Република Северна Македонија, на масата на Алијансата како полноправна членка.
-Да се биде рамноправен со 30-те најмоќни во светот не е само лична сатисфакција, туку гордост за сите наши граѓани. Не е тоа само симболична разлика туку суштина на нашиот напредок како држава: наместо како досега, кога за нашите прашања се разговараше на состаноци на кои информациите ги дознававме од нашите колеги, сега сме присутни на масата, директно да учествуваме и да го претставиме нашиот став за сѐ она што се случува во светот, истакна Османи, упатувајќи и на првиот јубилеј, првата годишнина од нашето членство во НАТО на 27 март.
Како што соопшти МНР, Османи истакна дека со членството во НАТО не само што се смени нашата улога на меѓународната политичка и безбедносна арена, туку и суштински се засили улогата на Алијансата во целиот регион. Ја посочи и подготвеноста на земјата и кадровски и технички и политички да одговори на предизвиците на членството во Алијансата.
-Мотото ‘Ние сме НАТО’, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО. Бидете горди, во овие моменти ја исцртуваме нашата идна историја, го остваруваме сонот на голем број генерации пред нас, создавајќи безбедна, стабилна и просперитетна иднина за генерациите после нас, заклучи Османи.
Северноатлантскиот Совет на Министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО се одржува денес и утре во Брисел, за прв пат после една година со физичко присуство поради пандемијата Ковид-19.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
