Данска го одложи продолжувањето на вакцинацијата со АстраЗенека
Данските здравствени власти најавија дека ќе го одложат продолжувањето на употребата на вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“ против Ковид-19, и покрај тоа што Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината е безбедна.
– Нашата одлука да престанеме со вакцинацијата против Ковид-19 од АстраЗенека до 12-та недела (22-28 март) останува во сила, рече шефот на данскиот здравствен орган Сорен Бростром.
– Во наредните денови, данскиот здравствен орган и данската агенција за лекови ќе го проценат влијанието на оценката на ЕМА за вакцината на АстраЗенека врз данската програма за вакцинација, додаде тој.
Минатата недела Данска беше првата земја што ја прекина употребата на вакцината на АстраЗенека, одлука што ја следеа повеќе од десетина други, претежно европски, земји.
Европската агенција за лекови вчера го објави својот финален заклучок за случаите со лица кои развиле или починале од тромбоза по вакцинирање со вакцина на „АстраЗенека“ и оцени дека вакцината е безбедна.
Имер Кук, извршната директорка на ЕМА, изјави дека во овој момент регулаторот смета дека бенефитите од вакцината се поголеми од ризиците, но не ја исклучува целосно можноста од поврзаност помеѓу вакцината и случаите на згрутчување на крвта. Анализите ќе продолжат.
Во меѓувреме ќе се препорача на здравствените работници и граѓаните да бидат информирани за овие потенцијални нус ефекти и да бидат вклучени предупредувања за вакцината на „АстраЗенека“.
Конечната одлука останува на земјите членки на ЕУ дали ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола