Пандемијата ги збогати богатите и ги осиромаши сиромашните
Корона кризата ја зголеми нееднаквоста во земјава. Јазот меѓу богатите и сирмашните сега е поголем затоа што се изгубени 2,7% од работните места. Во време на криза, работодавачите ги скратија наградите и бонусите со што се намалија примањата на тие кои останаа на работа. Сето ова е резултат на намалените нарачки од странство, покажува анализата на Здружението за истражување и анализи во соработка со Фондацијата Вестминстер.
Истражувањето покажува дека состојбата ќе била полоша без владините мерки. Поддршката за плати спаси дел од работните места, а четвртиот пакет мерки бил подобро насочен кон компаниите. Опозицијата сепак, останува на ставот дека државата не направи доволно за економијата.
И власта не ја менува реториката, поддршката ќе беше поголема ако опозоцијата не блокираше.
Стопанството се уште го очекува петтиот пакет мерки. Законите се во собраниска процедура од средината на минатиот месец, а седница за два од нив е закажана за идната недела. Опозицијата најавува поддршка.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
