ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев велат немало вакцини во светот затоа нема и во Македонија?!
Бројката на починати од корона се движи кон 3.500, бројката на новозразаени секој ден се зголемува, газиме во третиот бран, сите се вакцинираат, ама не и Македонија.
Неспосбноста на Филипче и Заев да набават вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица.
Според податоците на Блумберг, Македонија е на 118 место од 122 држави.
Македонија е на дното!
Пред нас се сите држави од регионот.
Србија високо котира на листата, а се подготвува за производство на руската вакцина.
Вакцини од КОВАКС механизмот пристигнуваат во други земји, ама не и во Македонија.
Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ.
Филипче и Заев велат немало вакцини во светот затоа нема и во Македонија?!
Кого лажат? Можеби ги нема посакуваните количини, ама вакцини има за сите оние кои се заинтересирани да ги набават и тоа го сториле на време.
Одговорност за ваквото однесување мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник