Македонија
11. March 2021 - 14:28

Милошоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат само македонски пасош

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски негира дека има бугарско државјанство по објавувањето на списокот на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов  со имиња на пратеници и функционери на ВМРО ДПМНЕ дека имаат бугарски пасоши.

– Јас повторно ќе кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ пратениците имаат и само и само македонски пасош и гласаат во Република Македонија и тоа ни претставува особена чест и задоволство, вели Милошоски.

Прашан дали може  да докаже дека нема бугарски пасош, Милошоски со кус одговор.

-Се разбира, се разбира секој може да докаже, рече Милошовски.

Милошоски смета дека објавувањето на списокот со имиња на пратеници од ВМРО ДПМНЕ од страна на Каракачанов е всушност дефокусирање на јавноста од какошто рече коруптивните афери со набавката на вакцините.

-Но, кога има скандал за фантом фирми, фантом вакцини има и список за фантом пасоши. Сметаме дека ова е еден слаб обид да се дефокусира вниманието од коруптивната афера за набавка на вакцини преку фантомска фирма, којашто има само тројца вработени, а требало да направи една голема милионска трансакција, каде што веројатно Министерството за здравство и премиерот сакале да направат профит, вели Милошоски.

Тој го повика обвинителството да истражи  на која сметка се уплатени парите од авансот за вакцините, како и целиот овој случај во Министерството за здравство и набавката на вакцини преку фантом фирма, којашто, какошто рече, била регистрирана во Самоа, во даночен рај.

Што се однесува за барањаето на Државната изборна комисија за договор меѓу партиите за изборниот законик до крајот на март, во спротивно локалните избори треба да се одложат. Прашан дали очекува договор и кои се црвените линии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски со одговор дека треба да се почитува Законот за локални избори, а во него е напишано дека мора да има уреди за отисок на прст при гласањето. Посочи за државата мора да ги обезбеди овие уреди, во спротивно локалните избори какошто вели ќе бидат спорни.

-Такви спорни избори можат да доведат до неучество на изборите, непризнавање на изборите и на крајот од краиштата можат да доведат и да бидат дополнителен хендикеп за евроинтеграциите на Република Македонија, бидејќи не може една држава да организира избори, а да не го почитува Законот за локални избори, вели Милошоски.

Што се однесува за кривичната пријава во Германија, Милошоски со одговор дека во еден хибриден режим во којшто, како што вели, премерот е фатен во зделка со фантом фирми, секогаш мора да се наоѓаат теми за да се оттргне вниманието.

Милошоски денеска во Штип заедно со членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и пратеникот од Штип, Иван Јорданов беа во посета на Штип, а имаа разговари со бизнис сектор и здравствени работници.