Бектеши: Ќе продолжи поддршката за угостителските објекти кои организираат свадби

Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши од Куманово по посетата на компаниите.
-И во други наврати сме навеле и сега ќе повторам, дека за нас, како Влада секако е неприфатливо да донесеме спротивни одлуки од тоа што го предлага Комисијата за заразни болести. Како што беше во четвртиот сет на економски мерки и сега со петтиот сет на економски мерки секако дека тие дејности кои ќе бидат затворени со одлука на Владата по предлог на Комисијата ќе бидат дополнително поддржани од страна на Владата се со цел да бидат ликвидни, но истовремено и да ги зачуваат работните места-изјави Бектеши. Тој потсети дека останатите угостителски објекти работат до 21 часот и за нив нема рестрикции. Во првите два месеци од оваа година, посочи министерот се враќа економската активност во државата.
-Јас сум убеден дека ако продолжиме на ваков начин сигурно ќе забележиме економски раст оваа година согласно предвиденото и со буџетот за 2021 година, а секако во зависност од ситуацијата со пандемијата ќе донесеме соодветни одлуки каде што одредени дејности би биле поддржани дополнително ако е потребно. Што се однесува до угостителските објекти за свадби тие согласно препораките на Комисијата моментално се затворени, а но ако има можност до пред сезоната секако дека ќе направиме напори да бидат отворени и да се стават во функција, а секако ние како Влада ќе ги поддржиме дополнително ако во некој случај има дополнителни рестрикции- изјави Бектеши.
Заменикот-министерот за здравствто, Илир Хасани рече дека сите барања се разгледуваат интензивно, се следи секоја состојба, но дека во овој момент поради епидемиолошката состојба не може да се отворат свадбарските ресторани, нагласувајќи дека нивното барање за покривање на загубите е регуларно и дека и досега им се компензира. Протоколи за вакви ресторани, смета заменик министерот е многу тешко да се спроведат пради самиот чин на свадбите, кој тешко се контролира.
– Од здравствен аспект ние го ставаме како Влада здравјето пред сè. Еве денес постави прашање некој од шефовите на такви свадбарски ресторани дали вие би почуствувале мир и спокој во душата кога ќе излезете од една свадба во 12 часот навечер после 300 луѓе коишто се гушкале и се развеселиле. Јас не би се чуствувал мирен после таков настан. Јас ќе стојам сè додека не се подобри епидемиолошката состојба во Република Македонија јас стојам на мислењето на Комисијата дека треба да не се отвораат овие свадбарски ресторани, иако барањето е многу коректно затоа што тие им се единствен приход на тие бизниси- изјави заменик министерот Хасани.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
