Тринаесет лица приведени во Турција за навреда на Ердоган на прославата на Денот на жената
Турската полиција уапси 13 лица кои учествуваа во маршот по повод Денот на жената поради наводна навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија денеска тамошните власти.
Илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година беа убиени повеќе од 400 жени.
За разлика од претходните години кога полицијата разби слични демонстрации, маршот заврши мирно.
Сепак, полицијата подоцна ги разгледа видеата од протестот и приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Во соопштението е наведено дека тие се уапсени за извикување „пароли“, но не беа дадени детали.
Локалните медиуми објавија дека лицата се приведени за навреда на претседателот Ердоган.
Навреда на претседателот е кривично дело во Турција за кое е предвидена казна затвор до четири години.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство