Митева: На родилка и се извадени три органи, а за Филипче се е согласно стандардите
Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директорот на струшката болница, покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката и беа отстранети матката, бубрегот и јајникот.
Човекот кој едвај може да се нарече министер, а уште помалку министер за здравство само ладнокрвно ја потврди ваквата информација.
Од Лекарската комора наведуваат дека од моментот на приемот до моментот на исписот пациентката е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди. Па, би било сосема легитимно да прашаме дали според вас постоечките медицински норми и стандарди всушност значат сторување на тешки дела против здравјето на луѓето каде родилка оди на породување, а заминува без три органи?
На 10 Февруари кажав дека ова ќе бидат дела за кои ќе слушнеме само дека истрагата е започната, одговорноста можеби ќе се лоцира само врз извршителите, а директно одговорните за спречување на вакви дела ќе ги гледаме како ладнокрвно ни велат „да го почекаме извештајот". Сум погрешила само за едно нешто, кога сум споменала дека одговорноста МОЖЕБИ ќе се лоцира.
Не, од оваа влада и овој министер за здравство одговорност никогаш нема да видиме. Ниту морална, ниту кривична, а најмалку од се политичка одговорност!
Ќе ве потсетам дека на 3 ноември 2020 година кажав дека Венко има 1.000 причини зошто, 1.000 причини затоа за ОСТАВКА! Денес, после сите овие порази, после целиот хаос во здравството почнувајќи од скандалозните случувања со пациентите па се до најлошото менаџирање на пандемијата, после над 3000 изгубени човечки животи и немањето вакцини, веќе има милион и една причина!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нова технологија на скопскиот аеродром, поголема безбедност и помалку процедури за патниците
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
